Акто мемории и иднини на годинашниот фестивал на современи уметности

0
261

„ Врвна златна колекција на Акто мемории и иднини, е темата на овогодинешниот Акто фестивал. Многу ни е важно преку самото потсетување на она што се случило на Акто и архивираме, и го поставуваме прашањето што значи денеска да се архивира, да се документира и на еден начин да се евалуира она што си го направил, она што е многу битно е начинот како да се креира еден културен идентитет, бидејќи без немање на некаков документ, ни се случува тоа што ни се случува, преку ноќ се креира некаков доминантен нов идентитет кој што доминира во македонската култура“ вели Филип Јовановски во интервју за Актуел на Тера.

Оваа година мобилната монтажна галерија е сместена на приватен имот во близина на некогашното Радио Битола, бидејќи како што вели Јовановски поднеле барање до Општина Битола за доделување локација на јавен простор, но до сега немале одговор.

Ќе биде отворена и изложба на архивски материјали од девет изданија на АКТО Фестивалот за современи уметности, потоа работилница  за деца и млади „Шепоти на ѕидовите“, театарски претстави, филмски проекции, музички перформанси, предавања дискусии.

„ Понекогаш иронично е да се зборува за современата уметност во денешното општество кога како доминантна државна културна политика се креира една сосема друга уметност спротивна од современата и тоа на некој начин ги покажува условите во кои што ние го правиме Акто и целата наша пракса, значи кога нема реални фондови околу кои државата би се грижела за негување на таа независна сцена на современа уметност, тогаш е многу тешко да се направи фестивалот. Враќајќи се назад во сите овие изминати години што се сме направиле, стигнавме до некои интересни заклучоци како Акто се развивал од 2006 година до денеска, можеби во најбурниот период во поновата Македонска историја која што денеска кулминира на некој начин во политичка смисла и сега прашањето е како ние се позиционираме во денешната политичка ситуација и го поставуваме прашањето што значи да се прави култура во време кога општеството буквално се распаѓа“ вели Јовановски.