АКТО музички ќе ја дрма Битола

0
1911

Од денес до 14 -ти август во Битола ќе се одржува 11-от Фестивал за современи уметности АКТО.

Тридневната програма под мотото Pop Up или искрснување, ќе биде фокусирана на политичката моќ на уметничките колективи. Оваа година главниот акцент на програмата е врз моќта на колективното делување, пред се политичката моќ на уметничките колективи.

Сите музички настапи и перформанси ќе бидат бесплатни, а на локациите каде што ќе се одржува фестивалот, ќе има пунктови за донации за помош на населението од поплавените подрачја во Скопско.

Фестивалот ќе се одржува на повеќе локации во Битола, односно фабриката „Фрижидери“ во индустрискиот дел, мезе-барот „Јагода“, како и Центарот за култура и Народниот театар во Битола.

И оваа година внианието го привлекува АКТО камионот кој кружи во Битола.

11-тото издание на фестивалот ќе се одржува покрај Битола и во Скопје, Штип и Тетово. Уште од почетоците на АКТО, една од главните карактеристики на фестивалот е откривање и освојување различни простори и работа со локални проблеми, па токму затоа организаторите одлучуваат АКТО приказната да се прошири во другите градови.

Поп ап АКТО е организиран од ФРУ – Факултет за работи што не се учат, а финансиски е поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.