Акција за собирање отпад во Битола

0
667

Со  цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници, Асоцијацијата „Ајде Македонија” заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас, продолжува да ro спроведува проектот „Македонија без отпад 2016″.

Акцијата во Битола е организирана и поддржана од Младински културен центар – Битола, ИМКА – Битола, За нас се работи, ЗУР Македонски ракотворби, Уна Визија и Глобал – Битола.

Предлог опис на акцијата со вклучување на граѓаните во Битола:

  • Сабота 01 октомври во 10.00 часот собирно место паркинг пред Спортска сала во Битола.
  • Ќе се чисти потегот од влезот на Касарната во Битола, ридот со старите авиони, до објектот Џепане над Касарната, преку населбата Стрчин до Болницата во Битола.
  • Акцијата ќе има еколошки, но исто така и рекреативен карактер со прошетка во природа над ридот на Касарната во Битола.
  • Ќе бидат обезбедени пластични ќеси за отпад и ракавици за секој учесник во акцијата.
  • Собраниот отпад ќе биде групиран и пренесен од учесниците во акцијата, а потоа и однесен со возило на ЈП Комуналец Битола
  • Акцијата се очекува да трае до 13.00 часот

Евидентирани диви депонии на кои општина Битола ќе испрати своја механизација и кои ќе се чистат со акцијата во сабота се следните:   

  1. Пат A3, обиколница над градот (на неколку места)
  2. „Тепсија”
  3. Индустриски пат
  4. Пат за с. Д. Оризари
  5. Патот за с. Кравари
  6. Патот за с. Бистрица
  7. Ул. 21 ва зад Кеопс
  8. Стар пат за Прилеп кај Тулана
  9. Покрај старите градски гробишта
  10. Довлеџик на патот за Пелистер
  11. Ободен атмосферски канал, Баир

Националната акција за чистење има за цел да се намалат количините на несоодветно депонираниот отпад и со која Р. Македонија се вклучува во глобалната акција Let’s Do It World, поддржана од Европскиот Парламент и спроведена во 121 земја во 2015 год.

Досега своето учество го имаат потврдено над 50 општини во Р. Македонија, над 70 граѓански организации, амбасади и компании, беше речено на денешната прес конференција која што се одржа во МКЦ-Битола