Акустично со Нокаут на Хераклеа

0
1004

Ни облачното време не ги спречи илјадниците присутни да дојдат на концертот под отворено небо на Нокаут. Водејќи се од популарната песна на оваа група – Па и да ни заврне чадор имаме- фановите на Нокаут од првата до последната песна пееја заедно со својата омилена група. Хераклеа беше претесна да ги собере сите љубители на добриот музички звук. Нокаут ја продолжуваат роденденската турнеја низ Македонија, па 20-годишнината од постоењето,бендот ја прослави заедно со битолската публика. – Еве нè, 2017-та година го славиме 20-от јубилеј. И сè уште живееме за сцената. И на сцената. И не планираме да престанеме-велат Нокаут. Специјални гости беа Игор Џамбазов и Гуру Харе кои го привлекоа вниманието на битолчани со песната Јас сум скопјанец, Битола.

Без коментари