„Ал Каеда“ ги повика терористите да се обединат против Русија и Западот

0
950
Лидерот на терористичката организација „Ал Каеда“ Ајман ал Завахири ги повика муслиманите да се обединат за да ѝ се спротивстават на „заканата“ од страна на Русија и Западот во Сирија и Ирак. Во своето обраќање објавено на интернет, Завахири изјавува: „Американците, Русите, Иранците, алавитите и Хезболах ја координираат нивната војна против нас – зарем ние не можеме да ја прекинеме борбата меѓу себе и да ја насочиме својата активност против нив?“, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на агенцијата Ројтерс.

Не е познато кога била снимена оваа порака, но споменувањето на Русија значи дека тоа било направено по 30 септември, кога ВКС РФ почнаа операција за уништување на терористите во Сирија на барање на претседателот Башар Асад.

Во септември „Ал Каеда“ изјави дека не го признава калифатот на „Исламската држава“ и нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади  им понуди на борците на ИД да ѝ се придружат во борбата против земјите на западната коалиција во Ирак и Сирија.

ИД по бомбардирањето на нејзините објекти од страна на руските авиони во Сирија ѝ објави на Русија „свет џихад“. Експертите истакнуваат дека соработката на „Ал Каеда“ со ИД може да ја усложни ситуацијата на и онака разгорениот Блиски Исток.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Без коментари

LEAVE A REPLY