Алаѓозовски за реакциите на Лабина Митевска

0
238

– Ние само ќе ги охрабриме сите заинтересирани страни, организатори на фестивалот да наоѓаат заеднички решенија, нема да му се мешаме во надлежноста на ниедна од институциите, не е наше да му кажуваме на друштвото на филмски работници кого да претставува и пушта за претставување во Оскар, нема ниту на селекторот на Браќа Манаки да му се мешаме во работата, ниту пак евентуално ќе зборуваме околу тоа кој има право да го организира фестивалот, но воедно ќе инсистираме секогаш тие и покрај нивните професионални или лични компетенции и естетски креативни секогаш да го имаат поширокиот национален интерес и ако е потребно во името на тој интерес некогаш да носат пошироки одлуки отколку што тоа можеби нивната строга и специјалистичка дејност го налага, тоа би била пораката, изјави Роберт Алаѓозовски Министер за култура

Алаѓозовски на отворањето на Галеријата на современа уметност во Битола

– Ми претставува голема чест и задоволство јас да ја отворам оваа сложена изложба а всушност еден целосно нов комплексен дел од Заводот и Музеј Битола на еден чуденсен начин споени и нашето културно наследство, бесценетите икони и галеријата на современата уметност каде што се основоположници, секако и одличен повод да се сместат и два легати на еден современ скулптурец, ова е најдобар показател на дејноста и смислата на постоењето на Звод и Музеј и претставува еден патоказ за начинот на кој треба сите ние да дејствуваме заедно за заштита на нашето бесценето културно и уметничко богатство и вреднување на оние што се втемелија во историјата на нашата уметност.
Јас само им посакувам и останатите простории да ги искористат и да ги отворат за се поголема публика во Битола, и за странските туристи. Му честитам на директорот за енегичното доведување при крај овие работи и до овој свечен момент во очи на големиот пранзик 11 Октомври на градот Битола, изјави Роберт Алаѓозовски, Министер за култура