Алармантна состојбата со пожарот кај манастирот Трескавец

0
440

Повторно се активираше пожарот кај манастирот Трескавец и според командирот на прилепската Противпожарна единица Станко Колески, состојбата е сериозна, пишува порталот Република.

– Се возобнови пожарот кај Трескавец и ситуацијата е многу сериозна. Има силен ветер кој го шири огнот. Интервенираше летало од Дирекцијата за заштита и спасување, но поради лошата временска ситуација и ветрот повеќе не може да се интервенира на таков начин. Голем број доброволци од прилепски фирми, нашите екипи се на теренот и тука остануваат за да се справат со огнената стихија. Останува повикот за што поголем број доброволци да се пријават, вели Колески.

Пожарот кај Трескавец е активен од четвртокот иако на неколку пати беше ставан под контрола. Но, сега поради ветрот, ситуацијата станува алармантна, додаваат од Противпожарната единица.