Алармантно, околу 10.000 бегалци чекаат влез во Македонија

0
584

Околу десет илјади бегалци чекаат на влез на јужната граница. Тие од вчера се лоцирани во импровизираниот бегалски камп во близина на градот Поликастро во Грција. Според информации од граѓани, кои патувале во Грција, големи групи бегалци се движат по патот од Солун кон границата и нивната бројка од час во час постојано се зголемува.

Кога и како тие ќе продолжат понатаму засега е неизвесно, бидејќи со новиот начин на проверка и регистрација на бегалците значително е намалено пропуштањето преку импровизираниот премин кај граничниот камен број 59.

Без коментари

LEAVE A REPLY