Албанија и Бугарија се подготвуваат за бран бегалци

0
316

Поради стравот дека илјадници бегалци би можеле да се појават на нивниот праг по официјалното затворање на Балканската рута, Албанија и Бугарија ги зголемуваат безбедносните мерки на нивната граница со Грција, пишува Катимерини.

Бугарија која веќе постави воени трупи на границата, планира исто така да гради и ограда во случај на зголемен притисок од мигрантите, додека Албанија побара помош од италијанските сили.

Италија потврди дека ќе учествува во здужените воени патроли со Албанија на границата со Грција, поради стравот дека бегалците би се обиделе да влезат во Европа преку Италија или Црна Гора преку Јадранското море.