Албанија распореди полиција на премините со Македонија и Грција

0
475

Поради можноста бранот бегалци да се пренасочи од Грција кон Албанија, албанските власти блиндираа пет гранични премини кон Македонија и Грција, јави електронското издание на весникот „Шекули“.

Околу 450 припадници на специјалната полициска единица,за брзи интервениции од Тирана, Скадар и Фиер, лоцирани се на граничните премини Ќафасан на границата со Македонија, кај Струга, како и Капштица и Три Моста кај Корча, како и премините Какавија и Ќафа е Ботас кај Ѓирокастро, на границата со Грција.

– Полициските патроли постојано патролираат долж границата, и се во состојба на готовност и ја надгледуваат ситуацијата со цел евидентирање на секој случај на нелегално преминување од страна на сириски имигранти. Бидејќи соседните земји, Грција, Македонија и Бугарија ги затворија границите за бегалците постои опасност тие да ја сменат рутата кон Албанија, пишува весникот.

Спорд истиот извор во Албанија, три поранешни воени караули, се отворени за прифаќање на бегалци, но се верува дека тие не се доволни. Тоа и поради фактот што и ЕУ нема конкретна одлука за финансиска поддршка за справување со евентулен бран бегалци за земјите кои се соочуваат со тоа, констатира весникот.

Без коментари

LEAVE A REPLY