Албанија уништи марихуана вредна 7 милијарди евра

0
221

Од почетокот на годината до сега, албанските власти конфискувале половина милион стебла канабис и уапсиле 240 лица осомничени за одгледување и трговија со марихуана.

– Досега е запленета и уништена марихуана во вредност од седум милијарди евра” -соопшти министерот за внатрешни работи Саимир Тахири.

Инаку, албанскиот премиер Еди Рама неколкупати до сега како приоритет на Владата ја истакнува борбата против дрогата.