Албанската полиција доби електрични возила, но нема каде да ги полни

0
253

Министерот за внатрешни работи на Албанија Саимир Тахири гордо во среда ги промовираше неколкуте електрични автомобили „фолксваген“, што ќе ги користи албанската полиција.

Тахири додаде дека автомобилите нема да трошат „ниту капка гориво“ и дека 100 километри поминати на струја чинат колку „едно кафе“, односно 120 леки(помалку од едно евро“.

Агенцијата АП наведува дека постои само еден проблем – на пумпите во Албанија не постои можност за полнење на батериите на електричните автомобили, па полициските возила ќе мораат да се враќаат во полициските станици на полнење. /крај/он/мф