Албанскиот херој Иса Болетини доби споменик во Скопје

0
412

Албанскиот херој Иса Болетини чиј лик се најде на дронот на на знамето кое ги испровоцира нередите на натпреварот помеѓу Србија и Албанија доби споменик во Скопје. Четириметарскиот споменик во скопски Сарај го откри коалициониот партнер на власта и лидер на ДУИ Али Ахмети, објави телевизијата 24 вести.

„Патот што го прооде Иса Болетини е 100 годишен. По 100 години тој пристигна на местото каде што предводеше повеќе од 30 000 бунтовници. Непријатели и окупатори помислија дека ако го убијат физички, ќе ги убијат и неговите соништа, цели и идеали. Но сето тоа беше за џабе.“ рече Ахмети
Болетини е албански националистички борец, кој кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, б се борел против Отоманската империја, и српските и црногорски сили. За србите Болетини е еден од најголемите борци за Голема Албанија, заколнат непријател на Србите и борец против српскиот народ.
По убиството во 1916та првин бил погребан во Подгорица. Но  минатата година во јуни со највисоки воени почести неговите останки беа пренесени на северот на Косово и закопани во меморијалниот центар во село Болетин. Дел од српските политички партии во овој потег видоа провокација и како што наведуваа отсуство на обзир кон жртвите и чувствата на Србите.
Фотографија на Иса Болетини се најде на знамето кое го прекина фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија на стадионот Партизан пред две години а кое беше прикачено на дрон. На знамето беше и ликот на Исмаил Џемаили и карта на Голема Албанија.