Албанскиот премиер слетал на аеродромот во Истанбул за време на крвавите напади

0
955

Авионот во кој се наоѓал албанскиот премиер Еди Рама слетал на истанбулскиот аеродором во моментот кога се случувал терористичкиот напад, јави турската агенција Доган.

Рама во Турција стигнал во службена посета, а подоцна требало да продолжи за Анкара, пренесе АП. Албанскиот премиер и луѓето од неговата делегација по слетувањето биле безбедно евакуирани во државната резиденција.