Албанскиот претседател Илир Мета ќе ја посети Битола

0
1560

Претседателот на Албанија Илир Мета кој е во официјална дводневна посета на Македонија, денеска ќе ја посети Битола и ќе има средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Денеска на неколку улици во Битола е ограничено движењето со посебен сообраќаен режим, а низ градот има зголемено присуство на полициски службеници кои го регулираат сообраќајот.

Мета вчера во Скопје беше примен од претедателот Ѓорге Иванов, од премиерот Зоран Заев, а се сретна и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.