Албанските Анонимуси кон Србија

0
621

Анонимните од Албанија испратија посебен видозапис кон соседна Србија. Во него се повикува Белград да престане со  мешањето во внатрешните работи на Косово.

“Здраво Срби! Сигурно се прашувате зошто овој запис ви излегува на екраните. Го правиме тоа затоа можеме и ќе продолжиме да го правиме. Едноставно сме бесни на Вас и на ЕУЛЕКС (силите на ЕУ во Косово, бел.ред. ) . Косово не е Србија “, велат уште анонимните во видеозаписот, кој беше дистрибуиран оваа ноќ. На англиски претставникот на албанските Анонимуси потсетува дека “Србија  избркала речиси 1 милион луѓе, убила над 14 000 други и силувала над 20 000 жени”. Сакаме правда. Сакаме да се вратат назад сите исчезнати лица. Ние сме Анонимните од Албанија. Ние не забораваме. Ние не простуваме, се вели на крајот на видео обраќањето.