Албанските партии договорија еднонеделно одлагање на изборите

0
351

Власта и опозицијата во Албанија, преку посредството и притисокот на САД, односно помошник заменик државниот секретар Хојт Брајан Ји  ги надминаа недоразбирањата околу одржувањето на парламантарните избори закажани за 18 јуни, коментираат албанските медиуми.

Според медиумите, новиот датум за одржување на изборите би требало да биде 25 јуни. Изворите додаваат дека премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Лулзим Баша, го прифатиле предлогот на американскиот дипломат да попуштат во однос на барањата за техничка влада на опозицијата и давањето одредени заменички министерски места  понудени од страна на власта.

И додека аналитичарите оценуваат дека постигнатиот договор на власта и опозицијата е во интерес на земјата, и ЕУ го поздрави договорот помеѓу Рама и Баша, дел од партиите од опозициската коалиција изразија несогласување со ваквиот потег на лидерот на опозицијата.

Во десната коалиција веќе има големи несогласувања поради потегот на Баша, а лидерот на опозицијата се соочува и со силни критики во самата партија поради тоа шт оне успеал да издејствува формирање техничка влада, коментираат албанските медиуми./крај/мф/мн

http://makfax.com.mk