Албанските ученици да се запишуваат во паралелки на албански јазик

0
352

Министерот за образование и наука м-р Абдулаќим Адеми, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити и пратеникот на областа Муса Ибрахими, по повод Рамазан Бајрам ја посетија Битолската Муфтинија, каде што се сретнаа со битолскиот муфтија.Битола како општина е значајна што тука живеат припадници на различни етнички и верски заедниции и претставува град во кој се култивира верска и меѓуетничка хармонија, истакна министерто при посетата.
ademi 2 20

Исламската Верска Заедница и Битолската Муфтинија значително придонесуваат за култивирање на овие вредности во Република Македонија и во овој град и затоа сакам да им се заблагодарам на муфтијата, но и на другите органи”, рече министерот Адеми.

ADEMI 2  18TI

Тој истакна дека Владата на Република Македонија ќе продолжи со имплементација на различни проекти во оваа општина, за доброто на сите граѓани. Пред неколку години истакна Адеми дека е е основана Азбуката на албанскиот јазик тука, во Битола и во таа насока Владата на Република Македонија со својата работа придонесува за почитување на вредностите на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија.Домаќинот на средбата во Битола, ги поздрави владините напори и иницијативи за подобрување на состојбите во образованието и посебно за воведувањето на наставниот предмет „Етика во религиите“ кој, како што рече, претставува одлука која ги постигна очекувањата. Истакна дека овој наставен предмет во Битола е многу добро прифатен.

 plumi 20

Со овој наставен предмет, новата генерација и генерациите што доаѓаат се едуцираат со еден сегмент кој стотина години бил запоставен или понижуван. Верувам дека министерот ќе ја разгледа можноста да се зголеми бројот на часовите за овој наставен предмет, да се зголеми бројот на паралелки бидејќи во Битола на албански јазик се учи само во ОУ „Гоце Делчев“, а припадници на албанската етничка заедница учат и во неколку други основни општински училишта. Исто така, се надевам дека ќе се обнови и паралелката на турски јазик која одлично ќе функционира во Битола, градот каде со векови отсјајува мултикултурноста, нагласи муфтијата Велиу .

ADEMI 18TI

Министрот Адеми рече дека со раководителот на Битолската Муфтинија исто така, разговараа за образовниот процес и истакна дека во соработка со Општина Битола се работи за отворање на паралелки на албански јазик во основните училишта. Тие заедно апелираат до албанските ученици да се запишуваат во паралелки на албански јазик.