Албанците да бидат внимателни да не го загубат Бадентер

0
435

Прашањето за изборен модел во кој Македонија ќе биде една изборна единица треба внимателно да се анализира за да не се случи Албанците да го загубат двојното, Бадентерово мнозинство во парламентот, изјави генералниот секретар на ДУИ Абдилаќим Адеми.

Генералниот секретар на ДУИ Абдилаќим Адеми денеска изјави дека доколку се менува изборниот модел, Албанците треба да бидат многу внимателни во дебатата за модел во кој целата држава би била една изборна единица, за да не станат помалобројни во парламентот во однос на бројот на претставниците на помалите етнички заедници.

 „Треба да се анализираат како искуствата од минатото, така и аргументите што сега се изнесуваат. При предлагањето на моделот мора да бидеме внимателни и да не го ризикуваме двојното (Бадентерово) мнозинство, односно Албанците да бидат многу внимателни да не станат помалобројни во однос на помалите етнички заедници претставени во парламентот, а со што би се ризикувале некои од процесите што произлегуваат од Охридскиот договор и прашањата на етничките права“, изјави Адеми.

Без коментари

LEAVE A REPLY