Александар Чичаковски предложен за претседател на ДИК

0
916

Александар Чичаковски е предложен за претседател на Државната изборна комисија (ДИК), а Реџеп Пекопуца за негов заменик на денешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Оваа Комисија денеска едногласно ја утврди листата на кандидати за членови на ДИК која подоцна во текот на денот Собранието треба да ја усвои.

На Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно бише утврдена предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК).

Се уште не е закажана седница на собранието на која пратениците со двотретинско мнозинство треба да го одобрат предлогот кој партиите од лидерската средба.

Лидерите  на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на вчерашната средба во Клубот на пратениците постигнааа договор за целосниот состав на ДИК.

– Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Алсекаднар Чичаковски за независни експерти во ДИК. Го покануваме Парламентот да ги финализира неоходните постапки што е можно побрзо, со цел  ДИК да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери објавена по средбата.

Претходно, по завршувањето на јавниот оглас партиите предложија членови на ДИК и тоа ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашо Срцев, СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, ДУИ Субхи Јакупи, а ДПА Бедередин Ибраими.

Претседателот и потпретседателот на ДИК ќе се бираат од редот на експертите, според новите измени на Изборниот законик.

По потврдувањето на имињата на деветмината членови на ДИК од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, се очекува да биде свикана и пленарна седница на која ќе биде изгласан новиот состав на ДИК.