Александар Касапов нов претседател на ЛДП Битола

0
739

На 30.09.2015 година, Општинската организација на ЛДП-Битола го одржа своето 6-то редовно собрание. На истото беше избрано новото партиско локално раководство. Советникот и досегашен потпретседател во Битолскиот совет Александар Касапов е избран за нов претседател на Општинската организација, а Томе Цветковски и Сузана Вељановска за потпретседатели. Нов секретар на ЛДП-Битола ќе биди Димитар Кузмановски.

sobranie 3

На собранието беа усвоени правците за натамошно делување на ЛДП-Битола. Храброста, острината во настапите и бескомпромисната борба против власта на Вмро-Дпмне ќе бидат и понатаму карактеристики на партиското дејствување.

ЛДП-Битола и понатаму продолжува да се бори против штетните политики во градот и смета дека Битола никогаш толку не заостанувала во својот развој.

Членовите на ЛДП-Битола се цврсто уверени дека на 24-ти април, опозицијата ќе извојува победа, а потоа очекуваат дека ќе следи процес на нормализација на демократските вредности и процеси во државата.

На крајот собранието му искажа благодарност на досегашниот претседател Валентин Груевски, кој оди на повисока партиска функција, за осумгодишното водење на партијата во време на ,,најцрниот“ демократски период на плуралистичка Македонија, стои во партиското соопшение.