Александар Ван дер Белен е нов претседател на Австрија

0
506

Независниот кандидат Александар Ван дер Белен победи во вториот круг на претседателските избори во Австрија, јавува Би-Би-Си.

Кандидатот од партијата од десниот центар Норберт Хофер вчера имаше тесна предност, но по пребројувањето на гласовите кои пристигнаа по пошта, Ван дер Белен беше победник.

Хофер вчера водеше со 51.9 отсто од гласовите и беше пред Ван дер Белен кој имаше 48.1 отсто. Меѓутоа исхододт го преоменија околу 750.000 гласови кои доаѓаат по пошта или околу 12 отсто од 6.4 милиони регистрирани гласачи.