Алијансата за Албанците и Беса поднесоа 86 приговори до ДИК

0
288

Рок од 48 часа има Државната изборна комисија за да одговори на приговорите кои партиите од албанскиот блок ги поднесоа во однос на изборниот процес.

Партијата на Зијадин Села и Билал Касами поднеле вкупно 86 приговори за општина Чаир.

Алијанса за Албанците и БЕСА обвинуваат за нефер изборен процес во скопски Чаир.

Емат Мехмети од БЕСА посочи дека имало голем број неважечки ливчиња и разни неправилности.

Овие две партии кои доаѓаат од албанскиот блок бараат ДИК непристрасно да ги разгледаат и да одлучат праведно.

Доколку ДИК не одлучи согласно желбите на Села и Касами,тогаш нивните партии имаат можност да поднесат тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Тој суд пак ќе има исто толку часа, односно 48 часа за да донесе одлука.