Аломеровиќ се враќа во Швајцарија по шест месеци во Победа

0
262

Еден од најдобрите фудбалери на Победа во минатата полусезона 35 годишниот Кемал Аломеровиќ доби примамлива понуда и се враќа во швајцарскиот второлигаш Виндиш, од каде и се врати во мак-фудбалот минататa зима. ФК Победа на своите официјални профили по социјалните мрежи му се заблагодари на Аломеровиќ на неговиот придонес во добрите игри и резултати низ Третата лига – југ и баражите со Беласица. Ова е голем хендикеп за прилепчани на две недели до почетокот на сезоната во Втората лига.