Амандманите добри за текот на разговорите

0
314

Вчера нова средба на работните групи за реформа во медиумите. Посредникот Питер Ванхауте рече дека состанокот е свикан за да се разгледаат амандманите на партиите за последниот предлог на белгискиот олеснувач. Пред стартот на разговорите Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, го повтори ставот дека неговата партија нема да прифати хибридни решенија. На долгата листа со амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознава Алсат М, опфатени се сегментите што се однесуваат на казните за медиумите.

“Добра вест е тоа што партиите се согласија и доставуваат амандмани. Се надеваме дека ќе се расправа за тие амандмани. ВМРО-ДПМНЕ достави долга листа нови амандмани, од кои дел се за точки за кои се уште не се разговарало, нешто што е интересно, но секако, е и нивно право“, рече посредникот Ванхауте.