Амбасадата на Ирска во Лондон доби 4.000 барања за пасош за ден

0
245

Британците ја „бомбардираа“ ирската амбасада во Лондон со прашања како да се здобијат со ирски пасош, пренесоа агенциите.

Агенцијата цитира податоци од ирското МНР, според кои формуларите се исцрпени, а во амбасадата се добиени над 4.000 барања за пасош, при вообичаените досега до 200 прашања дневно.

Околу шест милиони луѓе во Велика Британија имаат ирски пасоши. Според законодавството ова право го поседуваат родените на соседниот остров – во Република Ирска или во британската покраина Северна Ирска, а исто така и луѓето кои по крвна линија се поврзани – со родител, баба или дедо Ирци.