Амбасадорката на БиХ во посета на УКЛО

0
417

Амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Н.Е. г-ѓа Лепа Бабиќ, придружувана од Почесниот конзул на БиХ, г-ѓата Билјана Дамјановска Јанчевска, во посета на УКЛО беше примена од ректорот Сашо Коруновски и генералниот секретар, Офелија Христовска.

На работниот состанок во Ректоратот, ректорот ја информира амбасадорката за досегашната соработка на УКЛО со босанските универзитети, а дополнително заеднички договорија нови форми за соработка што треба да се додадат кон традиционално добрите релации – академска соработка преку учество во заеднички проекти во рамките на ЕРАЗМУС + програмата, организирање научни собири, поканување визитинг професори, гостувачки предавања на актуелни теми од страна на значајни личности за двете земји.

Амбасадорката ја истакна својата лична заложба, но и поддршката од страна на Амбасадата, за успешна соработка со УКЛО, преку потпишување нови и обновување на постоечките договори за билатерална соработка со престижните високообразовни институции во Босна и Херцеговина.