Амбасадорот Тимоние за политичката состојба во Македонија

0
307

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се наоѓа Македонија. Тој посочи дека француската амбасада има тесна соработка со Секретаријатот за европски прашања и оти Франција назначила технички експерт кој работи во рамките на Секретаријатот за да помогне за што поголема искористеност и пристап до ЕУ-фондовите, но за тоа е потребна Влада што ќе ја спроведува потребната динамика, а административната празнина што постои во моментов, не ни помага во работата, нагласи францускиот амбасадор Тимоние.

„Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е. Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека, истакна Тимоние“.