Американец осуден на 16 години затвор во Северна Кореја

0
474

Највисокиот суд во Северна Кореја осуди американски турист за обид да украде пропаганден постер од забранетиот дел од хотелот каде што престојувал и за тоа доби петнаесет години тешка работа во затвор. Тој беше уапсен кога се обидел да ја напушти земјата откако пристигнал таму со група на туристи за Нова година. Ото Вармбир, 21-годишниот студент од Вирџинија, беше обвинет и осуден во судскиот процес кој траеше еден час во Врховниот суд. Тој беше обвинет за субверзивна активност. Други детали не беа обелоденети. Во изјавата пред судењето, тој за новинарите изјави дека постер сакал да го однесе „како трофеј“ за мајката на некој негов пријател. Северна Кореја честопати ги обвинува Вашингтон и Сеул дека испраќа шпиони за соборување на владата во оваа земја и за воспоставување влада поддржана од страна на САД и Јужна Кореја.