Американска амбасада е загрижена поради одлуката на Советот на јавни обвинители

0
257

Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата, пишува во реакцијата на амбасадата на САД во Скопје по одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници-обвинители.

И претходно во заедничка изјава амбасадата на САД и делегацијата на ЕУ, пред состанокот на Советот на јавни обвинители, соопштија дека од „суштинска важност е Советот  да ја изврши својата улога согласно законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на г-ѓа Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи каков било облик на политички притисок“.

Вчера и белгискиот олеснувач Питер Ванхојт изјави дека одлуката на Советот го крши законот за специјален јавен обвинител за кој сите политички партии потпишаа дека ќе го почитуваат.

СДСМ вчера ги напушти преговорите на работните групи за договорот од Пржино.