Американски авиони прв пат од Турција ја нападна IS

0
363

 Соединетите Американски Држави (САД) во средата го изведоа првиот напад со авиони Ф-16 од воздухопловната база Инџирлик во Турција врз позициите на Исламската држава во Сирија (IS).

„САД започнаа акција со пилоти врз IS од воздухопловната база Инџирлик. Изведени се воздушни напади“, рече портпаролката на Пентагон, Елиса Смит.

Таа појасни дека оваа напади се овозможени благодарение на тоа што Анкара во јули им одобри на САД да ја користат базата на југот на државата за да водат офанзива против IS во Сирија.

Авиони со околу 300 припадници на персоналот се распоредени во Инџирлик од една база во Италија. /крај/