Американски бомбардери прелетаа покрај брегот на Северна Кореја

0
117

Американските нуклеарни бомбардери денеска прелетаа покрај источниот брег на Северна Кореја во меѓународниот простор демонстрирајќи ги воените способности, соопшти Пентагон.

Бомбардерите Б-1Б придружувани од воените авиони Ф-15Ц летаа во меѓународниот воздушен простор на источниот брег на севернокорејскиот полуостров.

Овие летови имале за цел да ја прикажат американската сила и моќ и дека се спремни да ги искористат сите воени капацитети за одбрана на својата земја и сојузниците, изјави портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт.

Без коментари