Американски искуства за решавање на локални проблеми

0
376
Битолчани денес учеа за американските искуства во иницирање и решавање на проблеми на
локалната заедница.
Работилницата во организација на Американското катче во Битола го донесе Џеј Кларк директор
на центарот за урбани и регионални односи на универзитетот во Минесота. Тој во текот на
тричасовната дискусија со членови на локални невладини организации од Битола, се
концентрираше на темата на организаирање на заедницата во насока на решавање на проблемите
од локално значење кои директно ги засегаат граѓаните. Како пример преку кој се спроведе
обуката беше искористен проблемот со загадувањето во Битола.
Според гостинот од Соединетите држави во општества како нашето во кое довербата во
политичарите и формалните ѓраѓански активисти е многу ниска, иднината на решавањето на
проблемите кои ги засегаат сите граѓани во локалната заедница е во индивидуалната акција на
поединецот која за своите проблеми отворено дискутира и се организира на вообичаените
форуми во рамки на образованието, културата и црквата.
Секако дека сите проблеми не може да се решат на ниво на граѓанско организирање, и некои
дефинитивно бараат интервенција на институциите, но првиот и најбитен чекор е поединецот да
проговори за својот проблем и да посегне кон негово решавање, рече Кларк.
https://youtu.be/VpyXCzaUYNw?t=1