Американски претседателски избори

0
452

Според анкетата на Универзитетот Квинпиак, републиканските претседателски кандидати Доналд Трамп и Тед Круз се наоѓаат во тесна трка во сојузната држава Ајова и имаат значителна предност во однос на другите кандидати.

Бизнисменот Трамп води кај републиканците со 31 процент, а потоа следат сенаторот од Тексас, Тед Круз со 29 проценти и Марко Рубио од Флорида со 15 проценти.

Анкета на НБЦ, Волстрит џурнал и колеџот Марист, исто така покажува дека Трамп и Круз се во тесна трка во Ајова, но Круз се наоѓа во водство.

Според најновите испитувања на јавното мислење, потенцијалните гласачи во Ајова веруваат дека Трамп најдобро може да се справи со економијата, тероризмот и илегалната имиграција.  За Круз постои мислење дека е најдобар во надворешната политика и исто така го гледаат како чесен и човек со кого се поистоветуваат.

Прелиминарните избори во Ајова ќе ги одржат на 1-ви февруари, што претставува прв тест за претседателските кандидати. Следните се во Њу Хемпшир, на 9-ти февруари.

Неодамнешните анкети покажуваат дека демократските кандидати Хилари Клинтон и Берни Сандерс се исто така во тесна трка и во Ајова и во Њу Хемпшир.