Американскиот Конгрес ги објави контроверзните 28 страници од извештајот за 11 септември

0
428

Долгоочекуваните 28 страници од конгресниот извештај од 2002 година за терористичките напади од 11 септември 2001 се објавени, а еден нејзин дел индицира дека истакнати членови на власта на Саудиска Арабија биле вмешани во планирањето и финансирањето на нападите.

Документите од кои е тргната ознаката за тајност беа објавени денес од страна на Конгресот, и веднаш ги потврдија сомнежите дека терористите вмешани во нападите од 11 септември – од кои повеќето беа саудиски државјани – најверојатно добиле помош од високорангирани саудиски разузнавачки службеници.

„Додека биле во Соединетите Држави, некои од киднаперите од 11 септември биле во контакт и добивале поддршка или помош од лица кои можеби биле поврзани со владата на Саудиска Арабија“, се вели во извештајот. „Постојат информации, главно од извори на ФБИ, дека најмалку две од тие лица биле идентификувани како саудиски разузнавачки офицери“.

Сепак, во извештајот се истакнува дека обемот на можната вмешаност на саудиските државни функционети не е јасен.

„Во нивните сведоштва, ниту ЦИА ниту ФБИ преку своите сведоци не можеле да одредат колкава помош му пружаат Саудијците на тероризмот глобално или во Соединетите Држави и колкав дел од таа помош, доколку постои, е свесен и намерен“.

Во документите се објаснува дека обемот на саудиската вмешаност не е јасен бидејќи американската влада почнала „агресивно да истражува“ дури откако нападите биле извршени.

Саудиска Арабија, сојузник на САД на Блискиот Исток, категорична негира каква било вмешаност во нападите и го отфрла обвиненијата, но претходно остро се противеше на објавувањето на 28-те страници.

Во април годинава официјален Ријад се закани со економска одмазда кон САД доколку Конгресот изгласа закон според кој саудиската влада ќе може да сноси одговорност врз основа на наодите на денес објавениот дел од извештајот.

www.mkd.mk