Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Париз

0
455

Американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија пристигнаа во Париз. Тие денеска ќе го разгледаат Париз, а утре ќе присуствуваат на прославите по повод Денот на Бастиља.

На церомонијата ќе биде одбележана и 100 годишнината од американското учество во Првата Светска војна. Вечер Трамп ќе се состане со францускиот претседател Емануел Макрон со кого ќе разговара за конфликтот во Сирија и за глобалните анти – терористички напори.

Според истражувањето на Истражувачкиот Центар Пју, само 14 проценти од французите имаат доверба во способноста на Трамп „да превзема вистински чекори за светските прашања“.

Без коментари