Американскиот Сенат речиси едногласно одобри нови санкции за Русија

0
363

Американскиот Сенат со огромно мнозинство го донесе законот за построги санкции кон Русија и кон Иран, со што му отежнува на претседателот Доналд Трамп да ги олесните постојните ограничувања без одобрение од Конгресот. Со 98 гласови „за“ и само двајца „против“, Сенатот го донесе законот кој сега треба да биде одобрен од Претставничкиот дом пред да биде испратен на потпис кај претседателот Трамп.

Мерката има за цел да го казни рускиот претседател Владимир Путин за руското мешање во американските претседателски избори минатата година и да го казни Иран за „континуираната поддршка на тероризмот“.

Државниот секретар Рекс Тилерсон вчера побара трпение од пратениците во врска со Русија, велејќи дека изгласувањето на законот ќе „ѝ ги врзе рацете“ на владата.

Врзувањето на санкциите против Иран со тие против Русија му отежнува на Трамп, кој е многу критичен кон Техеран, да се спротивстави.