Американските жени се организираат против Доналд Трамп

0
415

Според една нова анкета, жените во САД му го вртат грбот на Доналд Трамп – податок што водителката на телевизијата Фокс њуз Мегин Кели во четвртокот ја изнесе на Твитер.

Кели ја изнесе пред јавноста анкетата на Ројтерс и Ipsos објавена тоа утро во која се покажува дека половина од жените во САД имаат „многу неповолно“ мислење за претседателскиот фаворит на Републиканската партија, пишува Марк Хенш во „Хил“.

Непријателството кон милијардерот се зголемува меѓу американските жени, открија анкетите спроведени од први до петнаесети март на примерок од 3.500 испитаници. Ројтерс соопшти дека „многу неповолниот“ рејтинг на Трамп меѓу женската популација е зголемен за 10 поени од октомври.