Американците ги тргнаа знамињата од руските конзулати

0
298

Американските власти ги тргнаа знамињата од објектите на затворениот конзулат на Русија во Сан Франциско, на што руските дипломати протестираат, се истакнува во соопштението на руската амбасада во Вашингтон.

„На американската страна ѝ е враченa решителна протестна нота поради отстранувањето на руските знамиња од нашите објекти во Сан Франциско кои се наоѓаат под контрола на американските власти. Тоа за нас е крајно непријателски чекор. Бараме руските државни симболи итно да бидат вратени на своето место и такво нешто да не се повтори“, се истакнува во соопштението на руската амбасада во САД.

www.mkd.mk

Без коментари