Американците ќе потрошат 1,1 милијарди долари за чоколадо за 14 февруари

0
468

Продажбата на чоколадо, бонбони и слатки производи во САД за Денот на вљубените (14 февруари) ќе се зголеми во текот на оваа година со 1,6% во споредба со претходната. Тие ќе достигнат 1,1 милијарди долари, прогнозира Националната асоцијација на слаткари на САД (NCA).

Околу 94% од учесниците во спроведената анкетата од асоцијацијата би сакале чоколадо или колач за Денот на вљубените. 70% од Американците ќе купат такви подароци на најмалку 1-3 пријатели или членови на семејството.

На второ место по популарност се ваучерите за подарок (89%), на трето – подароците направени од самиот подарувач (87%). Над 70 отсто би се радувале на цвеќиња и само 67% од учесниците во анкетата се надеваат да добијат украс. Експертите од NCA забележуваат дека тоа сведочи за зачувување по кризата на склоноста на корисниците кон „прифатлив луксуз“.

Според оценките на NCA над 80% од Американците го сметаат чоколадото за лакомство за посебни случаи и го консумираат барем два пати неделно.

За Денот на вљубените слатки работи се купуваат не само за подарок: 43% од Американците планираат да купат кутија со бонбони или чоколадо за себе, а жените го прават тоа почесто отколку мажите (47% наспроти 42%).

Обновениот раст на продажбата на чоколадо за Денот на вљубените зборува дека економијата на земјата се обновува и корисниците полесно ги трошат пари за себе и за своите најблиски.