„Амнести Интернешенел“ бара да запре враќањето мигранти од Грција во Турција

0
259

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешанл“ ја повика ЕУ да го запре варќањето на бегалци од Грција во Турција, кое е предвидено со Договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на бегалскиот прилив.

Во документ на 38 страници објавен синоќа, АИ оценува дека Договрот ЕУ-Турција е назконски и несовесен.

Според Договорот, сите илегални мигранти кои ќе дојдат на грчките острови од турсла територија по 20 март, треба да бидат вратени во Турција. Во замена за ова, ЕУ за секој вратен илегален мигрант се согласи да прифати по еден сириски бегалец од Турција, како и да и исплати шест милијарди евра помош на Анкара, да воведе визна либерализација за турските државјани и да го забрза процесот на приближување на земјата кон Унијата.