Ана Дурловски ја прими титулата Национален уметник

0
573

Претседателот Ѓорге Иванов денес ја додели титулата Национален уметник на Македонија на оперска пејачка Ана Дурловски.

Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Досегашни добитници на титулата Национален уметник се музичкиот уметник и пијанист, Симон Трпчевски, сценаристот и режисер, проф. Милчо Манчевски, естрадниот уметник Есма Реџепова -Теодосиевска и оперскиот пејач Борис Трајанов. 

 Во продолжение ви пренесувам дел од денешното обраќање на преседателот Иванов по повод доделувањето на титулата Национален уметник на Ана Дурловски.

„Денес имаме мал, но многу значаен јубилеј. По петти пат ќе прогласиме Национален уметник на Република Македонија. По Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Есма Реџепова и Борис Трајанов, годинава титулата се доделува на нашата примадона, Ана Дурловски.

Без коментари

LEAVE A REPLY