Ана Ивановиќ во полуфиналето на Ролан Гарос

0
124

Ана Ивановиќ ја продолжува одличната форма, со 2-0 во сетови ја совлада Свитолина и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос.

Се очекуваше понеизвесен меч помеѓу Ана Ивановиќ и Јелина Свитолина, но српската тенисерка и препушти само пет гејма на противничката.
Ивановиќ победи со убедливи 6:3 и 6:2 и во полуфиналето ќе игра против Шафарова која со 7:6 и 6:3 ја победи Мугуруза.
Ова е прво полуфинале за Ивановиќ уште од 2008 година, што покажува дека љубовта со Бастијан Швајнштајгер влијае позитивно на нејзината форма.