Ана Јанкуловска по втор пат победник на Трката на штикли

0
613

20 годишната Ана Јанкуловска од Битола, победи на Трката на штикли, која синоќа на битолскиoт Широк сокак, ја организираше Младинскиот културен центар од Битола. Таа го носеше редниот број 1 кој и донесе победа на трката, а интересно е тоа што Јануловска победи и минатата година.

– Високите потпетици за девојките и за жените се многу важни-истакна Ана.trka2

-Идејата на манифестацијата е да се понуди нешто ново во урбаната култура не само за Битола туку и за Македонија воопшто, по примерот на многу поурбани центри со поголема традиција и историја- рече по трката, Сашо Додовски од Младинскиот културен центар-Битола.

 

Се натпреваруваа вкупно 14 учеснички кои си ги измерија силите во две полуфинални и една финална трка. Регуларноста на трката ја следеше петчлено жири во состав на јавни личности. Годинава трката на штикли имаше меѓународен карактер, бидејќи покрај девојките од Македонија три од натпреварувачките беа од Турција.

Трката на штикли која привлече огромен интерес беше организирана по четврт пат. Манифестацијата, која се организира во рамките на битолско културно лето Битфест, го следи трендот на најпознатите светски трки по меѓународни стандарди, како што се трките на штикли на улиците Кнез Михајлова во Белград и Страдун во Дубровник.

 

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY