Aна Јовковска активист за правата на животните

0
416

Таа е новинарка, активистка и хуманистка , единствена со својата појава, со оригиналниот моден израз, космополит, индивидуалист со свои животни филозофии , иницијатор и учесник во различни граѓански и социјални движења, екологист, Aна Јовковска, препознатлива по телевизиската емисија Пулс. Таа е и ко-основач на првиот Автономен културен социјален центар во Скопје како слободна зона за независна уметност и активизам, промотер на алтернативни начини и модели на дејствување за покреативно и похумано општество но и борец за права на маргинализираните групи во општеството и активист за правата на животните. Го осудува секое малтретирање на животните а го поздравува спроведувањето на законот и казнувањето на оние кои повредуваат животни.
Освен активист за правата на животните , таа и самата чува две кучиња дома.
Ана е и дел од кампањата „Стави точка на сите форми на насилство врз жени и девојчиња“.
Својата биографска карта ја надополни со монографијата „Пулсот и времето“која беше промовирана во Битола.
Оваа книга е монографска збирка од 50 интервјуа со афирмирани јавни личности, писатели, професори, уметници, активисти, актери, политичари и дипломати, креативно разиграна и разновидна селекција на 50 од вкупно 500 интервјуа реализирани низ авторскиот ТВ .проект „Пулс“ .