Ана Јовковска го претвори Широк Сокак во читалиште

0
400
Битолчани во Хауз бар се дружеа со Ана Јовковска, на промоција на вториот тираж од нејзината книга Пулсот и времето.
Шеталиштето Ана го претвори во читалиште.
- Битола и Скопје го негуваат ритуалот на кафе-муабет. Ретко гледаме луѓе кои се седнати сами во кафуле со книга во рака. Авторската работа е еден убав и креативен дел од мојот живот, но друг важен дел ми е активизмот како болка во стомакот против кој било вид на неправда. -истакна Јовковска на дружбата со битолчани.

Македонските граѓани во просек минуваат по пет часа пред телевизор дневно, слично како и американците кои се големи ТВ зависници. Но колку време одвојуваме за читање книги? Ретки се македонските автори чии книги се продаваат со ист интензитет како светските бестселери во нашите книжарници. Еден таков пример е книгата „Пулсoт и времето“ на Јовковска.
Првиот тираж на книгата се продаде во рекордно брзо време од три месеци. По паузата во која читателите беа гладни за делото кое ги сублимира мислите и разговорите на голем број афирмирани личности од јавниот живот, писатели, актери, уметници, професори, политичари и дипломати, „Пулсот и времето“ со нов тираж.
Токму таа промотивна турнеа низ Македонија започна од Битола.