АНА повикува на мобилизација?

0
609

Албанската народна армија (АНА) во реонот на Косовска Митровица, ги повикаа  своите борци на мобилизација.

На снимката објавена на албанскиот портал Вериу.инфо, борците биле повикани на борба и давање заклетва. ­

„Ги повикувам борците да се подготват за дополнителна борба за заштита на нашите национални интереси оти паралелните структури на северот од Косовска Митровица ги мачат автохтоните Албанци, додека нашите поранешни соработници кои денес се на власт во Косово, алчно си ги полнат џебовите со пари. Од друга страна, тоа не ја објаснува спогодбата за Заедницата на српски општини. Паралелните структури кои денес постојат во Митровица ги измачуваат автохтоните Албанци и не им дозволуваат да се вратат во своите домови. Јас како главен командант на АНА, ве повикувам да се подготвите за понатамошна работа на заштитата на националните интереси“ – вели анонимниот командант во писмото прочитано на смотрата.

Вериу.инфо ја пренесува изјавата на еден од лидерите на бригадата кој вели дека АНА била присутна во  Косово, Албанија, Македонија и Прешевската долина. Објаснува дека се организирани и добро обучени, а можат многу брзо да се мобилизираат. АНА првпат се појави во Косово по 1999 година.