Aнархисти од Солун делат клешти на бегалците за да ја сечат жичената ограда на македонската граница

0
691

Анархистички групи во солунското пристаниште се организираат за поддршка на мигрантите и нивниот непречен транспорт по балканскиот коридор. Членови на анархистичката група „Бактирио” им даваат на бегалците клешти за сечење на жичената ограда поставена на македонската граница.

По засилувањето на контролите за бегалците и мигрантите на границите од земјите на балканскиот коридор и повременото затворање на границите за бегалците, во Грција се подгрева атмосферата против Македонија стравувајќи од можно целосно затворање на македонската граница на кота 59.

Вчера на грчката телевизија Скај грчки новинари настапија со напади врз Македонија и Македонците преставувајќи ги како Бугари, а постапките на македонските власти кон бегалците ги оквалификуваа како „нацистички“.
www.mkd.mk