Анџелина Џоли денеска во Идомени

0
655
Холивудската актерка и амбасадор на добра волја на Обединетите нации, Анџелина Џоли, денеска ќе го посети бегалскиот камп во Идомени за да ја увиди ситуацијата и условите во кои живеат повеќе од 10.000 бегалци.
Џоли се очекува да пристигне во кампот околу 15 часот по локално време. Првично се очекуваше таа да оди во посета на островот Лезбос, каде има најголем дел од бегалците што пристигнуваат директно од Турција во Грција, меѓутоа во последен момент плановите се сменија и таа ќе замине за Идомени.