Анџелина Џоли меѓу бегалците во Грција

0
749
A refugee takes a selfie with the United Nations High Commissioner for Refugees (UNHCR) Special Envoy Angelina Jolie during her visit at the port of Piraeus, near Athens, Greece, March 16, 2016. REUTERS/Michalis Karagiannis

Американската актерка во улога на амбасадор на УНХЦР ги увиде условите во кои живеат илјадниците мигранти.

Облечена во црн фустан, холивудската ѕвезда Анџелина Џоли денеска околу пладне се појави во кампот за бегалци на атинското пристаниште Пиреја. Американската актерка, која е амбасадор на канцеларијата на високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) ја пречека четиричлено семејство од Авганистан. Тие и’ се пожалија дека сакаат, но не можат да го продолжат патувањето. Само еден момент подоцна, таа беше опкружена од стотици мигранти, кои имаа желба да ја допрат, или, пак, да се фотографираат со неа. Џоли беше трогната од приказната на 12-годишно дете, кое на англиски јазик и’ раскажуваше за досегашното патешествие, а неговите сестри и’ подарија рачно изработена нараквица.

„Помогни ни, Анџелина“, довикуваа бегалците додека таа си заминуваше.

Без коментари

LEAVE A REPLY